"Инова технологии" ќе рециклира гуми во ТИРЗ Тетово

Bez autora
Apr 14 2013

Најголемата европска компанија за рециклирање на гуми "Инова технологии" ќе инвестира во Македонија во индустриската зона во Тетово. Компанијата е сопственик на најголемиот капацитет во Европа за рециклирање на гуми преку пиролитички процес од кој се добиваат три производи: течно гориво,челична жица и тонер. Договорот за инвестирање беше потпишан вчера во Гебзе, Турција од страна на Министерот за животна средина на Македонија, Абдулаќим Адеми, директорот на агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Македонија, Висар Фида, и претставници од компанијата "Инова технологии". Компанијата "Инова технологии" практикува производствени процеси со примена на најнови технологии кои овозможуваат рециклирање на гуми со целосно избегнување на загадувањето на животната средина кои инаку по природен пат имаат период на разложување од 1000 години. Проектот е инициран од промоторот на Македонија во Истанбул, Филиз Вели и генералниот конзул Зерин Абаз. Како што најавуваат од Агенцијата, се очекува брзо реализирање на оваа инвестиција.

Инова технологии ќе рециклира гуми во ТИРЗ ТетовоНајголемата европска компанија за рециклирање на гуми "Инова технологии" ќе инвестира во Македонија во индустриската зона во Тетово.

Компанијата е сопственик на најголемиот капацитет во Европа за рециклирање на гуми преку пиролитички процес од кој се добиваат три производи: течно гориво,челична жица и тонер.

Договорот за инвестирање беше потпишан вчера во Гебзе, Турција од страна на Министерот за животна средина на Македонија, Абдулаќим Адеми, директорот на агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Македонија, Висар Фида, и претставници од компанијата "Инова технологии".

Компанијата "Инова технологии" практикува производствени процеси со примена на најнови технологии кои овозможуваат рециклирање на гуми со целосно избегнување на загадувањето на животната средина кои инаку по природен пат имаат период на разложување од 1000 години.

Проектот е инициран од промоторот на Македонија во Истанбул, Филиз Вели и генералниот конзул Зерин Абаз. Како што најавуваат од Агенцијата, се очекува брзо реализирање на оваа инвестиција.

Делегацијата ја посети и индустриската зона Гебзе Ѓузлер и индустриската комора на Коџаели каде што се сретнаа и со претседателот на комората и претставници на компании од автомобилската индустрија.

- Беа договорени и посети на неколку компании во Македонија каде што домаќин ќе биде Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот - изјави директорот Фида.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik